Мултимедијалниот хепенинг „Струга Креативен Град“ носи низа културни и забавни случувања во нашиот град

- Локални
1532

Мултимедијалниот хепенинг СТРУГА КРЕАТИВЕН ГРАД 24.06.2017  кој ќе се одржи во сабота од 17.00 – е завршен настан на истоимениот проект чии активности се во сооднос со Стратегијата за култура на О.Струга.  За таа цел, во Музеј д-р Никола Незлобински Струга  сите љубители на музејските поставки ќе имаат можност за слободна посета на природно-научната поставка, средновековните мозаици и спомен соба на Миладиновци; НУЦК „Браќа Миладиновци“.
Градската библиотека и Мезе бар Кингстон ги носат на разглед книгите на роднокрајните автори, од секој пијалак испиен во дружба со книга – донирате процент за културата во нашиот град. Во склоп на активностите планирано е да се одржи и  Jam session со академски музичари од Струга – на Дрвенион мост. За да ја слушнете  најновата распеана група Стружанки – Локал ВокалС – бидете во близина на   Пицерија Ангела. Во склоп на истиот проект ќе имате можност да видите: Farina’s handmade презентација на најнова колекција и продажба на накит; Студиото за танц  “BAH” и Кики Муки ќе презентираат танцов перформанс , фото изложба, презентација на костими и детска изложба; Marko Janev, Enkel Dika, Goran Ristovski – Мурал. Плус уште еден на Victor Ya Pop.

Учете танго со Фамилија Тангови од Скопје; Млади музичари ќе настапат  по кејовите во Струга. Новиот број на Лице в лице…и уште накит и уште креативност. од Л&А и Рибеле. ВЕЧЕРТА !!!! – Со купена карта за техно журката со ѕвездата Марко Настиќ – директно донирате за петтото издание на ДРИМОН. На 24ти јуни, сабота отвараме сезона. Бидете во Струга, ќе биде екстра!
Проектот Струга Креативен град е подржан од Европската Унија , ФООМ и Центар за локална демократија.

Извор: Фестивал „Дримон“\Strugaonline

Facebook Коментари