Музички хепенинг утре на Градскиот плоштад во Струга

- Локални
493

Со музички хепенинг што утре во 13:00 часот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Струга, ООМУ-Струга ќе ја заокружи успешната учебна година исполнета со многу музички настани и награди.

Како што информираат од училиштето, на најавениот музички хепенинг ќе настапат над 200 ученици кои соло и во групи ќе пеат македонски, албански и англиски детски песни.

-Учениците кои ќе пеат, на инструменти ќе бидат придружувани од нивните соученици и од наставниците. Среќни сме што на овој начин завршува оваа успешна учебна година.Градот може да се гордее со музичката култура што ја создаваме. На сите деца, ученици и на нивните наставници и ментори им ја честитаме успешната година и ги очекуваме во септември подготвени за нови предизвици-изјави за Strugaonline директорот на училиштето, Алтин Зиба.

Завршните концертите на учениците од Основното музичко училиште во Струга започнаа синоќа, вториот концерт ќе се одржи вечерва во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“, програмата завршува утре со концертот на отворено.

Strugaonline

Facebook Коментари