Лев банер Десен банер

МВР: Лажни се дојавите за бомби во училишта во струшко

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта, завршија сите потребни проверки, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.-стои во соопштението од МВР.

Додаваат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Извор: МВР

error: