МВР со официјално соопштение за сообраќајката на патот Струга-Ќафасан, повредени се пет лица од Албанија

- Локални
754

На 17-ти мај 2022 година, во 18:50 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Струга-Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 23-годишниот Л.Б. од Република Албанија и патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со албански национални ознаки, управувано од 38-годишниот Ј.Т. од Република Албанија.

 – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник, 39-годишниот Ф.Б. и патникот во патничкото моторно возило „Пасат“, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива

Facebook Коментари