Лев банер Десен банер

На 1 јули во Вевчани ќе се одржи Фестивал на „Зурлата и Тапанот“ Вевчани 2026

Во организација на Здружение на Зурли и тапани Вевчани, на 1 јули 2026 година во амфитеатарот во Вевчани ќе се одржи Фестивалот на „Зурлата и Тапанот“ Вевчани 2026, манифестација посветена на зачувувањето и промоцијата на македонската музичка традиција.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на повеќе познати состави и мајстори на зурлата и тапанот, кои со својата музика ќе ја претстават богатата фолклорна традиција од различни делови на државата.

На фестивалот ќе настапат:

  • Група В’Јаз Вевчани
  • Зурли и тапани „Мелос“ Вевчани
  • Зурли и тапани „Златник“ Скопје
  • Зурли и тапани „Медник“
  • Зурлаџиска група „Ќиска“ Вевчани
  • Зурли и тапани „Мајовци“ Дебар
  • Зурли и тапани „Ќустек“ Скопје
  • Џељо и зурли и тапани „Дестановски“ Скопје.

Организаторите најавуваат богата музичка програма и вистински празник за љубителите на изворната македонска музика.

„Влезот е бесплатен. Ви ветуваме незаборавно доживување, вечер исполнета со емоции кои ќе ви ги пренесат нашите колеги преку ритамот на тапаните и пискотот на зурлите“, порачуваат од Здружението на Зурли и тапани Вевчани.

Фестивалот ќе започне во амфитеатарот во Вевчани и се очекува да привлече бројни посетители кои ќе имаат можност да уживаат во автентичните звуци на еден од најпрепознатливите симболи на македонската народна традиција.

StrugaOnline

error: