На 1 мај повторно ќе се игра „Аналфабет“ во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид

- Локални
1240

На репертоарот на Охридски народен театар, повторно е поставена комедијата „Аналфабет“. Претставата ќе се игра на 1 мај (понеделник) во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Станува збор за комедија која предизвика многу позитивни реакции кај публиката, а истата на уметнички начин дава опис на разликите помеѓу социјалните слоеви, односно  дава комичен приказ на луѓе кои ги злоупоттребуваат своите високи општествени позиции за лична корист, без да мислат на последиците.

Актерската екипа ја сочинуваат : Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Претставата е работена според текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите се по цена од 200 денари. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години.

 

 

Facebook Коментари