На 12 мај во Охрид, во просториите на Kasarna HUB ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на Македонската квиз Асоцијација.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.
,,Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа.“-информираат организаторите.
Заинтересираните кандидати за учество можат да се пријават на следниов ЛИНК
Од квиз асоцијацијата додаваат дека котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да се уплати за време на одржување на Мастерсот. Учесниците со платена сезонска котизација се ослободени од плаќање.
Strugaonline
Facebook Коментари