На 13 Април „Славеј Планина“ велосипедска тура во организација на Рупикапра МТБ

- Локални
188
Во организација на Рупикапра МТБ Струга на 13 Април ќе се одржи планинска велосипедска тура на досега неоткриената „Славеј Планина“, со старт во селото Лактиње, општина Дебрца.
Ќе се вози кружна МТБ тура со должина од 43km и вкупна елевација од 1500m (Лактиње-пат за Салавеј Планина-врв Славеј (кај споменикот)-шумски куќи кај Радомирово-брана на најгорната хидроцентрала на Песочанска река-Лисец-с.Годивје-Лактиње).
Патеката е 100% off road и се карактеризира како средно тешка 8/10, потребно време за возење е 4-6 часа.
Учеството на настанот е без котизација, а за кој организаторот ќе обезбеди бесплатни освежителни пунктови, ручек и паркинг.
– Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед на планина. Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови и истите ја возат турата на сопствена одговорност и според своите можности и се лично одговорни за евентуалните несакани последици, велат организаторите.
Додаваат дека го задржуваат правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум.

StrugaOnline

Facebook Коментари