На 13-ти јуни започнува петтото издание на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“

- Локални
1199

Остана уште една  недела до почетокот на овогодинешното јубилејно петто издание на меѓународниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи од 13-17 јуни 2018.

„Отворањето на фестивалот е планирано за 13.06.2018 со настап на актерската група на Црвен крст Охрид кои ќе ја изведат претставата „ВО ФИОКА“, а во наредните денови на сцената во предворјето на црквата Св.Софија и НУЦК „Григор Прличев“ љубителите на театарот ќе можат да уживаат во оригиналните и креативни театарски претстави во изведба на актерските групи од Црвен крст Бар, Црвен крст Суботица, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Битола, Црвен крст Ужице и ОСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.“ – информираат организаторите.
Повеќе детали за театарските претстави и програмата на фестивалот ќе бидат презентирани во текот на нaредните денови.

Strugaonline

Facebook Коментари