На 18 јули во Охрид ќе се одржи проектот „Креативност“ -Поттикнување на младите за креирање на авторски дела и нивна промотивна презентација

- Локални
133

На 18 јули на плоштадот „Вангел Наумовски“ во Охрид ќе се одржи проектот „Креативност“ -Поттикнување на младите за креирање на авторски дела и нивна промотивна презентација.

Програма започнува во 21:00 каде ќе настапат К2 и неговите ѕвездички/музика за деца, од 22:00 – 24:00 продолжува со ДЏ-ски сет на Никола Тони и презентација на креативни ламби изработени од дрво.

Во рамките на активностите Здружението „Тактус“ ќе се представи со еднодневна групна изложба на дела насликани на летната сликарска школа. Сликите кои ќе се поставени се изработени од деца на возраст од 6 до 12 години, изложбата ќе биде во Младински Центар – Охрид.

„Креативна писта: Креативна изложба и заедничко уметничко платно“

Младински Центар Охрид ќе учествува со интерактивна креативна активност која комбинира изложба на уметнички и ракотворечки дела создадени во претходни работилници работени од млади, како и „Остави свој печат“ ѕид – големо платно на кое посетителите ќе можат да цртаат, пишуваат пораки или оставаат отпечатоци, создавајќи заедничко уметничко дело во текот на вечерта.

Цел на активноста е промоција на креативните работилници и талентите на младите, вклучување на посетителите во интерактивен уметнички израз и поттикнување на заедничка креативност и учество во културниот живот на заедницата.

Резбарско Ателје Воскресение:
Во делот на активностите Резбарското Ателје Воскресение ќе се представи со резби од ореово дрво изработени од артистос и резбар Сашо Трајаноски, кој му дава животен дух на дрвото кое е столб за нас и идните генерации.

Ако музичкиот настан биде одложен поради временска неприлика на денот на одржувањето ќе се презакаже наредниот ден на 19.07.2025 со почеток во 21:00 часот, напоменуваат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари