Од Црковниот Одбор Радожда излегоа со соопштение каде се покануваат верниците на свечено осветување на црквата Св. Петка во Радожда, што ќе се одржи на 18 мај 2025 година (недела).Овој настан претставува важен момент за селото Радожда и зачувување на верата и традицијата.
-Ќе ни биде чест да присуствувате и заеднички да го одбележиме овој свечен чин. Во оваа прилика ќе биде отворена можност за доброволни донации за здравје. Сите собрани средства ќе бидат наменети за потребите на црквата. Да покажиме уште еднаш дека Радожда знае да биде обединета кога е најпотребно, велат од Црковниот Одбор Радожда.
StrugaOnline
Facebook Коментари