На 2-ри август голема прослава во Ташмаруништа – „Илинден 2025“

- Локални
91

Во село Ташмаруништа, и годинава ќе се одржи манифестацијата „Илинден 2025“ по повод 122 години „Илинден“. Централната прослава ќе започне на 2-ри август во 12:15 часот. Во 13:00 часот е предвидено положување свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена, во 13:15 часот положување свежо цвеќе на спомен обележјата кај црквата св. Архангел Михаил.

За сите присутни на големата прослава, ќе настапат КУД „Илинден“, Петар Темелковски, Тоше Ангелески, Тренуто бенд, Методија Столески, група Медник, Ангел Стојкоски и други.

Исто така предвидена е и велосипедска тура со должина од 22 км со тргнување во 08:00 часот од Ташмаруништа-Добовјани-Татеши-Богојци-Брчево-Попов камен-Церов дел-Ташмаруништа.

Strugaonline

Facebook Коментари