
Општина Струга како имплементатор на проектните активности на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство-COOLTOUR”, финансиран од Европска Унија од програмата на ИПА II (2) за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, ги повикува сите заинтересирани субјекти со регистрирана туристичка дејност да присуствуваат на информативна средба на ден 02.03.2023 (четврток) во Салата на Совет на Општина Струга со почеток во 12:15 часот, на која ќе бидат презентирани активностите на проeктот.
Од Општина Струга информираат дека планирано е грантирање на 40 еко или потенцијални еко бизниси, 20 во Општина Струга и 20 во Општина Поградец, за подобрување на потрошувачката на енергија на давателите на туристички бизниси и промовирање на зелена енергија преку инсталација на соларни панели.
Strugaonline
Facebook Коментари