Лев банер Десен банер

На 20 ноември премиера на најновиот филм на Јани Бојаџи „Утре наутро“ во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга

Премиера на најновиот филм „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 20-ти ноември (четврток), со почеток во 19.00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
Во филмот, две жени, млад лекар и сопруга на поранешен премиер, се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати, кои ја играат својата игра на моќ и тортура во една мала земја во Источна Европа.
„Утре наутро“ е во режија и сценарио на Јани Бојаџи, а филмот политичка драма во која се обработуваат современи општествени случувања во Македонија.
Приказна од вистински настани кои се случиле меѓу периодот до 2014 до 2017 година.
Влез 200 денари.
StrugaOnline

error: