Од 20-ти до 22-ри август во Паркот на поезијата во Струга ќе се одржи најновото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост“.
Манифестацијата ќе започне со промоција на монографијата ,,Од Љубанишча до Дебор“ од авторот Љупчо Милошески , а промотор ќе биде проф. д-р. Владимир Јаневски. Посетителите ќе имаат можност да ја видат и изложбата на фотографии од монографијата.
На 21-ви август ќе се одржи ревија на народни носии.
,,Во последниве години ревиите на народни носии ги има се’ поретко, последната ревија на народни носии во Струга се одржа пред седум години, затоа ние како организатори од годинава ќе се обидеме да ја обновиме таа традиција во Струга“. – изјави за Strugaonline, Љупчо Милошески .
Во рмките на фестивалот ,,Фолклорен мост“ на 22-ри август годишен концерт ќе одржи КУД ,,Илинден“ од Струга, на кој ќе биде претставен младинскиот состав. Гости на концертот ќе бидат КУД ,,Дримкол“ од Вевчани, КУД ,,Бисер“ од Кичево и ФА ,,Мислешево“ од Мислешево.
Настаните ќе започнуваат од 20:00 часот
Strugaonline
Facebook Коментари