На 21-ви јануари самостојна изложба на Мицко Мице Јанкуловски во Струга

- Локални
522

На 21-ви јануари (четврток) со почеток од 19:00 часот, во Спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе биде поставена самостојнота изложба Педесет години творештво и промоција на публикација од Мицко Мице Јанкуловски.

Световите кои МИЦКО Мице Јанкуловски ги открива со црната боја веднаш ги виде професионалната јавност и ги препозна како исклучително значаен придонес во еден ексклузивен сегмент на уметници во историјата на уметноста кои сликале со црна боја. Како резултат на тоа следат награди на разни манифестации ширум светот: Ел Греко награда за најдобар уметник (Арт Тесалоники 2019, Грција), Лоренцо ил Мањифико награда за животно остварување (Фиренца Биенале 2019, Италија), Награда Уметник на светот (Ларнака Биенале 2018, Кипар), Гран при (Меѓународно графичко биенале Варна 2017, Бугарија), како и бројни покани за соработка од релевантни институции, музеи и галерии.

Strugaonline

Facebook Коментари