На 21-ви септември „Ревија на народни носии-Струга 2024“

- Локални
306

И оваа година, Струга  ја продолжува возобновената традиција на одржување на манифестацијата „Ревија на народни носии – Струга 2024“.

Овогодинешната ревија ќе се одржи на 21-ви септември во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 19:00 часот.

„Овогодинешната ревија на народни носии ќе биде на тема: „Обредни народни носии“ и со тоа на сцената секој ревијалец-учесник ќе презентира една или повеќе народни носии со кои ќе ја опфати тематиката на овогодинешното издание“. – информираат организаторите.

Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари