На 22 мај изложбите „Преобразби“ и „Фрагементи на Идентитетот“ на Јованка Миса и Ивана Стојанова во Струга

- Локални
204
Во четврток, 22 мај 2025 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе се одржи заедничка изложба на стружанките Јованка Миса и Ивана Стојановa.
Јованка Миса ќе се претстави со изложбата „Преобразби – кога зборовите добиваат боја“, додека Ивана Стојановa со „Фрагементи на Идентитетот“, две жени, два погледи, една вистина – уметноста е јазик што зборува со и без зборови.
– Уметноста претставува слобода, додека создаваш срцето трепери. Убави чувства. Со секој потег на четката се создава нова приказна, во оваа уметничка историја.
Ве покануваме да ја почувствувате, убавината на моментите и да станете дел од оваа наша магија, каде уметноста зборува во тишина, бидете наши гости и подршка на нашата прва изложба, порачуваат организаторите.
Изложбата ќе се одржи на 22 мај четврток, со почеток во 18 часот во холот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари