На 22 мај во Луково ќе се одбележи празникот посветен на Св.Николај Архиепископ Мирликијски Чудотворец

- Локални
843

Во недела на 22-ри мај,  по повод празникот посветен на Св.Николај Архиепископ Мирликијски Чудотворец, во црквата Св.Никола во село Луково, на местото викано Орео, ќе се одржи Празнична Богослужба со почеток во 10.00 часот, по што ќе следува осветување на вода и празничен ручек од кумот. Организаторите најавуваат дека после ручекот ќе се одржи голема Црковно-општонародна веселба за која ќе се погрижи новиот  црковен одбор ,а ќе настапи и  Дарко Стојаноски.

,,Дојдете сите во Луково на 22-ри мај, да се помолиме на Светиот Николај Чудотворец и да направиме прекрасен викенд и незаборавно дружење, за овој светол празник, кој со радост сите го чекаме во Долни Дримкол и мајка Македонија.“ – се вели во соопштението.

StrugaOnline

Facebook Коментари