Со ревијален кајакарски маратон по Охридското езеро на кој ќе учествуваат млади кајакари, во соработка со Спортски клуб Соларис Струга, на 22-ри јуни ќе започне настанот ,,Гласот на крајбрежјето“ во организација на Јуроп Хаус Струга.
Како што информираат организаторите, стартот е закажан за 10:00 часот на Женска плажа.

,,Вечерта е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата. За музичката програма ќе се погрижи Диџеј Мирче – Хаусмајстори, а визуелниот дел ќе го надополниме со несекојдневен видео перформанс на ендемични цветови и птици низ Паркот на поезијата.“-стои во соопштението.
Од Јуроп Хаус информираат дека со овој настан ќе го одбележат Денот на Охридското езеро и биолошката разновидност.
Strugaonline
Facebook Коментари