Лев банер Десен банер

На 23 мај беше отворена изложбата „Растенијата на планината Јабланица“ од авторот Данче Аџиоски Виш кустос биолог

На 23 мај беше отворена Изложбата „Растенијата на планината Јабланица“ чиј автор е Данче Аџиоски – Виш кустос биолог.

Оваа изложба е резултат на нејзината долгогодишна работа и теренски истражувања на различни локалитети на Планината Јабланица, преку кои успеала да собере и документира голем број растителни видови кои ја карактеризираат самата планина.

Ќе се запознаете со ендемичните и ретки видови растенија, лековитите растенија, блатните растенија кои се развиваат околу четирите глацијални езера и други растителни видови карактеристични за оваа планина.

Со оваа изложба сакаме да ја приближиме ботаниката до сите генерации – да покажеме дека растенијата не се само украс, туку и сведоци на биолошка еволуција, еколошки индикатори и вреден ресурс што заслужува заштита. Преку оваа изложба не само што  ја поттикнуваме јавната свест за зачувувањето на природата, туку и ја јакнеме врската помеѓу науката и културата  – истакна Данче.

Изложбата ја отвори почитуваниот и ценет ботаничар и истражувач – Академик Владо Матевски, а свое обраќање имаа и директорката на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински – Цветлана Василевска и почитуваната М – р Оливера Матевска, кустос советник во Природонаучниот Музеј во Скопје.

Изложбата е организирана од НУ Музеј Д – р Никола Незлобински – Струга, а поддржана од Министерството за култура и туризам.

StrugaOnline

error: