На 25 мај (недела) во Струга ќе се одржи промоција на книгата „Светило на врв планина“ – илустрирано и адаптирано житие на „Света Спаса Вишенска“ за деца и возрасни.
Автор на книгата е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрацијата е на Викторија Попоска.
Промотори на книгата се Верица Мукоска и Отец Александар Крстаноски.
-Нашата света Спаса повторно собра прекрасни луѓе на едно место, велат организаторите.
Промоцијата ќе се одржи на 25 мај 2025 година со почеток во 17 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари