На 27-ми декември започнува исплатата на декемвриските пензии

- Локални
529

На својата 112-та седница владата им препорача  на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

–          За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);
–          За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);
–          За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток), и
–          За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).

Facebook Коментари