На 30-ти април нова епизода од „Импровокација“ во Охрид

- Локални
816

Втората епизода од четвртата сезона од театарската импровизација „Импровокација“ ќе се одигра во во понеделник, 30-ти април, на алтернативната сцена, во подрумските простории на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20:00 часот

Актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, заедно со Филип Ангеличин Жура и овојпат ќе понудат одлично шоу.

Картите се веќе пуштени во продажба во Музичка Продавница ЗиЗи Топ, по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.

Strugaonline

Facebook Коментари