На 30-ти јуни ќе се одржи планинарскиот марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен

- Локални
577
Во организација на ПЕД Закамен и ПК Дипсакус на 30-ти јуни ќе се одржи единаесеттиот традиционален марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен. Ден претходно, на 29-ти јуни  ќе има кампување и дружба во Горна Белица.
– Стартот на маршот е од селото Горна Белица. Движењето е по обележаната планинарска патека. Првиот дел од патекатa е движење низ шума. Потоа се излегува на отворено и се продолжува по патролна патека до врвот Црн Камен. Од врвот се спуштаме до Вевчанска локва. Од таму повторно се пристапува кон спуштање кое завршува во селото Горна Белица.-информираат организаторите.
Додаваат дека патеката е средно тешка, висинската разлика помеѓу стартот и целта е околу 750 м.н.в, целата тура е 12 км во два правци, а потребното време е седум часа.
Краен рок за пријавување е 28-ми јуни, а целосната програма и сите детални информации можете да ги прочитате на следниов ЛИНК
Strugaonline

Facebook Коментари