На 31-ви декември поетско матине во Струга

- Локални
1007

По повод  одбележувањето на 75 години од конечното ослободување на Република Македонија, меѓународната ревија за литература „Бранувања“ и манифестацијата „Струшки книжевни средби“, на 31 декември во хотел Београд организираат поетско матине. Настанот ќе почне во 12:00 часот со настап на поетите што ќе се пријават да учествуваат.

Поетскиото матине го има мотото „Песна за песната“ со што во исто време ќе се одбележи и раѓањето на Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, испеана во Струга на новогодишната ноќ меѓу 1941/1942 година, од македонскиот поет, Владо Малески.

Раководството на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, донесе одлука постхумно да му додели Златна благодарница на Владо Малески, во знак на трајна благодарност за неговиот придонес во НОВ и повоена Македонија.

„Ги покануваме поетите што сакаат да учествуваат на поетското матине, во Струга, да се пријават на е-меил: [email protected], или на моб. тел. 071 356 445“-велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари