На 4-ти август започнува манифестацијата „Брчевски средби 2019”

- Локални
1303

На 4-ти август  традиционално по 21-ви пат, во село Брчево ќе се одржи манифестацијата „Брчевски средби”. Општонародна веселба ќе започне во дворот на манастирот Св. Димитрија.

„За добро расположение на сите, оваа година ќе се погрижат нашиот Stand-up комичар Балтоски Богомир – Боге, потоа следува настап на културно уметничкото друштво „Мислешево“ по што следувa настапот на големата ѕвезда на македонската народна музика Дамјан Стојаноски.“ – информираат организаторите.

Сето ова ќе биде дополнето со брчевска скара и пијалаци. Манифестацијата годинава има хуманитарна мисија, целата заработка од продажбата на храна и пијалаци ќе легне на сметка на црквата, а средствата ке се се распределат соодветно за потреби на црквата и манастирот.

„За овој потфат најголема заслуга имаат луѓето од црковниот одбор од село Таш Маруништа кои ни излегоа во пресрет и доброволно, за здравје, ќе работат на послуга на сите гости кои ќе присуствуваат на настанот.“ – велат од Месна заедница-Црковен одбор – с.Брчево
Ценовникот на храната и пијалоците ќе биде дополнително објавен како и времето на поаѓање на возилата на превозникот ЗБ транс кои  ќе вршат превоз до и од Брчево.

Од месната заедница испраќаат апел и молба до сите граѓани кои ќе бидат во можност овој викенд, на ден 28.јули 2019, да отидат Брчево и да дадат свој допринос во доброволната работна акција  чија цел ќе биде санација на патот од Мислодежда до Брчево, а доколку има доволно присутни една група ке биде ангажирана и во дворот на манастирот Св Димитрија.
За сите присутни ќе биде обезбедена храна и пијалак.

„Се надеваме на добар одзив и ве очекуваме во голем број, сите заедно да си го средиме патот затоа што тој ни е од големо значење на сите нас.“ -велат организаторите.

Акцијата е предвидено да започне во 10:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари