Здружение за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ го најавува културниот настан, доделување на Наградата за наjдобра необјавена песна за деца „Тоде“, што се доделува во чест на охридскиот поет, есеист, книжевен критичар, енигматичар и шаховски проблематист, Тоде Илиевски.
Настанот ќе се одржи на 7 март 2023 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 13:00 часот.
-Наградата ја воведовме годинава, со надеж да стане традиционална. Со овој настан достојно ќе му оддадеме почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности во општественото живеење, а посебно во книжевноста за деца во Охрид, Македонија и во меѓународни рамки.-велат од тимот на „Креативна верига“.
Овој настан е организиран со поддршка од Општина Охрид.
Facebook Коментари