На 8 Јуни во Струга ќе се одржи годишниот концерт на Студиото за танц ,,БАХ“

- Локални
195

Со гордост и посебна возбуда Студиото за танц „БАХ“ ви го најавува нивниот годишен концерт кој оваа година е со наслов „New Generations“.

-Ве покануваме на уште еден наш танц спектакл, во недела, 8 Јуни со почеток во 19 часот во центарот на култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, голема сала (врати за влез на публика како и секогаш отворени од 18 часот).

Дојдете и видете како тоа го прават „НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“, велат од Студиото за танц „БАХ“ Струга.

Карти во предпродажба по цена од 200 денари ќе се продаваат од денес во Студиото за танц „БАХ“ Струга, за на врата на денот на концертот не остануваат скоро никогаш, но ако има цената ќе биде 300 денари.

-Не чекајте како и секоја година во последен момент, оваа година влезниците се ограничени, правилата се строги, додаваат од Студиото за танц „БАХ“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари