На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

- Локални
25

Денешниот ден засекогаш ќе остане запаметен во спортската историја на Република Македонија, а особено на Охрид, како денот кога најславната македонска пливачка, Атина Бојаџи во 1969 година, го започна подвигот и го преплива каналот Ла Манш.

Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри-Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида-Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет.

Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасност, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан.

Извор: Охридпрес

фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари