На Голема Богородица, Марко Пејчиноски исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид
Младиот талентиран пливач, охриѓанецот Марко Пејчиновски го исплива неговото десеттото и последно препливување за ова лето.

Денес, 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, тој исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.
Тој го започна подвигот вчера во 11:56:31 часот а заврши за време од 21 часа 42 минути.
StrugaOnline

