На ,,Ќафасан“ приведено лице од Албанија, барано со потерница од Интерпол

- Локални
538

На 13-ти декември 2020 година, од полициски службеници од Полициска станица „Ќафасан“ бил лишен од слобода 43-годишниот П.М. од Република Албанија.

-Истиот се барал по потерница од Интерпол Норвешка поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето е задржано во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Извор: MВР

фото: архива

Facebook Коментари