На Ќафасан запленети 1.600 шампони

- Локални
1172

Во текот на минатите три недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани археолошки и етнолошки предмети, златен накит, готови пари, електрични алати и апарати, автоделови, моторцикл, лекови за потенција, стоматолошки материјали, шампони, сапуни, очила за сонце, контактни леќи, течност за леќи, играчки, облека, цигари и фалсификати.

Што се однесува до нашиот регион, задржана е следната стока:

 1.600 шампони од 25 ml и 1.000 сапуни од 15 грама, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во 5 кутии сместени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Strugaonline

 

Facebook Коментари