На ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца му се доделени 10 нови персонални компјутери, 10 монитори и еден принтер
Во рамки на активностите на Министерството за образование и наука за подобрување на основното образование, на ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца му беа доделени 10 нови персонални компјутери, 10 монитори и еден принтер. Оваа опрема ќе има огромно значење за подобрување на наставниот процес и овозможување на подобар пристап до дигитални образовни ресурси за учениците.

–Изразуваме искрена благодарност до Министерството за образование и наука и до министерката проф. д-р Весна Јаневска за оваа значајна поддршка и инвестиција во иднината на нашите ученици. Продолжуваме заедно да градиме подобро и поквалитетно образование, велат од ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца.
StrugaOnline

