Лев банер Десен банер

Надлежните ја разгледуваат состојбата за поплаките на граѓаните од неколку струшки села за кражба на костени

Во врска со поплаките на жителите од селата Радолишта, Франгово, Калишта и други населени места, за кражба / оштетување на приватен имот (костени) од страна на жители од соседните места, градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко во соработка со началникот на полицијата Дритан Ајро и шефот на границата Фисник Хани ја разгледуваат состојбата.
– За заштита на имотот на граѓаните во овие населени места, бараме помош и соработка од сите за да можеме директно да интервенираме на местото на настанот или при транспортот на стоката во околината, случајот да го пријавите до МВР или општина Струга.-стои во соопштението од Општина Струга.
Од таму додаваат дека секоја информација помага да се запрат превозните средства и да се запре злоупотребата на имотот и стоката.
Strugaonline

error: