НАИ: Поддршка за доктор Арсим Далипи – број 4, човекот кој ја обединува Струга
Од Националата Алијанса за Интеграција излегоа со повик за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Струга – Арсим Далипи, во пресрет на гласањето кое ќе се одржи во недела, 19.10.2025 година.

Повикот ви го пренесуваме во целост:
„Во време кога политиката често создава поделби, доктор Арсим Далипи (бр. 4) е пример за лидер кој обединува, а не дели.
Неговиот пристап се темели на чесност, професионалност и почит кон секој граѓанин без разлика на политичка, етничка или верска припадност.
Струга заслужува градоначалник кој ќе го слуша народот, кој ќе работи за сите, и кој нема да се крие зад празни ветувања.
Доктор Арсим Далипи е човекот кој го докажа тоа со својата работа, со својот карактер и со својата посветеност кон граѓаните.
Поддршката за него не е само политичка одлука – тоа е избор за чесност, за нова енергија и за иднина во која Струга повторно ќе биде град на развој, соработка и достоинство.
Затоа, ја даваме нашата целосна поддршка за доктор Арсим Далипи – број 4, човекот кој го претставува вистинското лице на обединета и напредна Струга.“

