Најавен прекин на товарниот сообраќај и на граничниот премин Ќафасан
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот.
Според најавата на македонските транспортни превозници, затворени за товарен сообраќај ќе бидат граничните премини: „Ќафасан“, „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Блаце“ и „Блато“.
Со протестот ќе се ограничи сообраќајот за товарни моторни возила, односно ќе се затворат коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај. Патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини.
Предвидено е протестите на превозниците да траат седум дена, со можност да бидат прекинати ако се изнајде решение за проблемот.
Од полицијата апелираат до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, а доколку е потребно да користат и алтернативни гранични премини.
StrugaOnline

