Продукцијата „ЗЛАТЕН ЗАБ“ го најавува најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски.
„ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” или за тие кои бегале од часови по англиски „ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“.
Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија што ја исмева човечката глупост!
Зошто и се случува ова на Македонија, дали љубовта е совршена и како утринската програма на ТВ влијае врз сите нас се само дел од темите во ова екстремно смешно стендап шоу.
Кој досега присуствувал знае, кој не – пропуштил . Шоуто ќе се одржи во Народен Театар Охрид (Керал) на 02.03.2019 сабота,со почеток од 20.00ч.
Резервации на телефон: 075 283 066.
Strugaonline
Facebook Коментари