Наскоро во Охрид Меѓународна конференција на тема ,,Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

- Локални, Македонија
299

По повод 65 годишнината  од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  организира меѓународна конференција на тема ,,Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.

Конференцијата ќе се одржи од  19 до 22 септември 2023 година во Охрид. Над 130 учесници од земјата и странство ќе промовираат и дискутираат истражувања, практики и политики поврзани со теми кои се занимаваат со прашањето на глобалните кризи од различни перспективи релевантни за социјалната работа и социјалната политика.

Трудовите и излагањата се контекстуализирани во неколку домени на анализа, вклучувајќи:  (i) Одговори на социјалните држави и социјалните политики на глобалните кризи;(ii) Социјалните услуги во контекст на повеќекратни кризи; (iii) Глобалните кризи и човековите права; (iv) Влијанието на глобалните кризи врз социјално ранливи лица, како: мигранти, бегалци, жртви на семејно насилство, невработени итн.  (v) Влијанието на глобалните кризи врз социјалната заштита, детската заштита, вработувањето, образованието и здравјето, како и (vi) Иновации во истражувањата, образованието и стручната праксаза социјалната работа и социјалната политика.

Конференцијата е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија – г-дин Стево Пендаровски, и се организира во партнерство со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ, Фондацијата Фридрих Еберт, како и Федералното Министерство за социјални прашања на Австрија.

Програмата на конференцијата е достапна на следниот ЛИНК.

Книгата на апстракти е достапна на следниот ЛИНК.

 

Facebook Коментари