Наскоро во Струга и струшко ќе се мери квалитетот на воздухот

- Локални
554
Во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирано од Шведска, а го имплементираат Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, во Струга почнува да се спроведува проектот „Воздухот на граѓаните“.
,,Стружани ќе бидат информирани за опасностите од загадувањето на воздухот, ќе бидат изработени и поставени дваесет мерни уреди и ќе се отвори инфо-центар каде граѓаните од Струга и струшко ќе можат да се информираат за квалитетот на водухот. Истите податоци ќе можат да се следат и во живо преку интернет платформа на која ќе бидат ажурирани податоците од сите мерни уреди.“ – информираат организаторите.
Со објавите на нивните Фејсбук и Инстаграм профили граѓаните ќе бидат навремено запознаени со сите активности.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари