Натпревар по англиски јазик во „Јахја Кемал“ – стипендија за ученичката Јана Врангалоска од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга
На 7 февруари 2026 година во училиштето „Јахја Кемал“ се одржа натпревар по англиски јазик на кој учество зедоа 13 ученици од деветто одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
Учениците се натпреваруваа под менторство на наставничките Кристина Чавкоска Јованоска и Гентиана Лита, кои ги подготвуваа и поддржуваа во текот на подготовките и самиот натпревар.
Со посебен успех се истакна ученичката Јана Врангалоска, која со своето знаење и постигнат резултат обезбеди право на стипендија за школување во училиштето „Јахја Кемал“.
Од училиштето упатуваат честитки до сите ученици за покажаниот труд, знаење и натпреварувачки дух, со желби за уште поголеми успеси во иднина.
StrugaOnline

