Недела посветена на старите лица во Струга

- Локални
896

По повод „Недела посветена на старите лица “, екипите на Црвен крст-Струга ги посетуваaт постарите лица во нивните домови. Во склоп на посетите, се врши бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, а старите лица добиваат и хуманитарни пакети. Во склоп на активностите се одржуваат и едукативни предавања за дијабетес.

Иако неделата посветена на оваа категорија граѓани заврши, од Црвен крст -Струга решија посетите  да продолжат и од понеделник.  На овој начин, се укажува на фактот дека старите лица не се заборавени и дека со помош на екипите на Црвен крст како и со нивната желба за активности и’ староста може да биде убав и активен период од животот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари