Негативен природен прираст во Струга, во првиот квартал од годинава е -20

- Локални
511

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јануари,февруари и март во  Струга  регистрирани се 117 новороденчиња, а починале 137 лица, со што се бележи природен прираст -20.

Во истиот период, во Струга се склучиле 81 брак, а не се евидентирани разводи.

Во Охрид се родиле 103, а починале 166 лица, односно се бележи прираст од -63.

Во анализираниот период, во Охрид биле склучени 35 бракови, а имало 11 разводи.

Facebook Коментари