Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи

- Локални
579

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на општинската организација на Црвениот крст – Струга, Адуриме Даути, институција преку која оди ангажирањето на лиценцирани спасители на вода.

Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја поминале петмина и се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, во моментот на располагање имале 10-тина спасители на отворнеи води, обучени претходните години. Иако, додаде, до сега интерес немало од концесионерите, очекува во текот на следната недела да имаат побарувања.

– Интерес од концесионерите речиси и да нема. Во моментот само еден концесионер има ангажирано четворица спасители на отворени води. Апелирам концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто, изјави Даути.

Потребата од спасители на вода, нагласи дека е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои допринеле да не дојде до несакани случаи. Бројот на ангажирани спасители на вода на струшките плажи од година во година се намалува, минатата година имало само седум лица, додека годината претходно 10-мина.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари