Лев банер Десен банер

Невладини и локални бизниси од Струга можат да аплицираат, објавен е трет отворен повик за доделување на грантови

CNVP Северна Македонија го објавува третиот отворен повик за доделување на грантови како дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“. финансиски поддржан од Фонд за природа „Преспа – Охрид“ ПОНТ.
Можност за аплицирање имаат:
Локални невладини организации, на територијата на општините Кичево, Демир Хисар, Дебарца, Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа.
Локални бизниси регистрирани во Централниот регистар во категоријата ММСП (микро, мали и средни претпријатија), со седиште во општините: Кичево, Демир Хисар, Дебарца, Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа.
Грантови се наменети за поддршка на невладини организации и локални бизниси вклучени во активности за зачувување на природата, управување со природни ресурси во административните граници на општините Кичево, Демир Хисар,Струга, Дебарца, Вевчани и Центар Жупа за развојот на активностите во еколошките коридори фокусирани на поврзувачкиот појас „Илинска-Плакенска-Бигла“ и „Стогово-Караорман-Јабланица“.
Краен рок за доставување на апликациите е 21 октомври, 2024 година до 16.00ч. Документацијата треба да се испрати по електронски пат на следнава е-маил адреса: contact@cnvp-eu.org

StrugaOnline

error: