Денеска решаваме уште една горлива работа, уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, клучка која што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија, истакна министерот за транспорт Александар Николоски.
-И тоа беше еден од наследените проблеми во минатото затоа што во реализацијата на овој проект ајде што претходната власт што не работеше ништо, туку и тоа малце што го работеа го работеа погрешно, па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотноправните односи, без да биде решена експропријацијата и клучката беше со години срушена, без можност наново да биде изградена и да биде пуштена во функција. Со промената на владата и формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски ова се реши, ги решивме имотно правните односи, ги решивме сите административни проблеми кои што ни стоеја на патот. И веќе од денеска е функционална што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми во минатото, рече тој.
Николоски истакна дека се задоволни од напредокот.
-Во однос на динамиката на изградба на патот, ние сме на дневна основа, посветено работиме, директорот, јас сум тука секогаш кога можам, премиерот будно следи и на дневна основа се координираме. Напредокот е добар, задоволни сме, имајќи ги во предвид годините на застој имаме добар напредок и за брзо време ќе имаме уште добри вести, рече тој.
StrugaOnline
Facebook Коментари