Вечерва во 21:00 часот ќе започне ноќна велосипедска тура околу Охридското езеро организирана од страна на здружениеето за Планински велосипедизам МТБ КАРАУЛА Струга.

Збирно место е кружниот тек кај Мезе бар Барабар. Како што информираат организаторите, турата е рекреативна и секој учесник ќе вози на своја одговорност.
,,Учесниците треба да поседуваат технички исправен велосипед, лична карта или пасош, кацига, резервна гума и рефлектирачки елек. Исто така, потребно е миниум еден бидон вода“-стои во информацијата од МТБ Караула Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари