Лев банер Десен банер

Нов камион цистерна за чистење улици набавен за потребите на ЈП „Комунално“ – Струга

Во рамките на проектот „Справување со загадување на воздухот – фаза 2“, финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а имплементиран од Одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Струга, набавен е нов камион цистерна за миење и чистење на улици, наменет за потребите на ЈП „Комунално“ – Струга.

Со оваа инвестиција значително се зајакнуваат капацитетите на јавното претпријатие за одржување на јавната хигиена, а воедно се придонесува кон намалување на прашината и аерозагадувањето, особено во урбаните делови на градот, каде што загадувањето на воздухот е поизразено.

Од Општина Струга истакнуваат дека оваа активност е дел од поширок сет мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина. Локалната самоуправа и понатаму останува посветена на имплементација на конкретни и одржливи решенија, во партнерство со меѓународни организации и домашни институции.

Со вакви проекти, Општина Струга прави значаен чекор кон почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани.

StrugaOnline

error: