Нов мурал на Горан Ристовски во Охрид
Во рамките на проектот: Да ги овековечиме вредностите (цртање мурали на истакнати охридски дејци), а по повод роденденот на големиот уметник Јордан Манасијески кој годинава го одбележува јубилејот: 55 години од творештвото, Општина Охрид на северната страна на НУ Библиотека Григор Прличев му подари мурал.
На покана на Општина Охрид ликовниот уметник Горан Ристовски со идејно решение го изработи муралот преку композиција со неговиот портрет и комбинација на форми кои се во стилот на сликарството на Јордан Манасијески.
StrugaOnline

