Нова епизода на „Импровокација” викендов во Охрид
Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна третата епизода од третата сезона на популарната “Импровокација” со актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Ексклузивно за ова издание екипата на Импровокација има нов член, кој засега не се открива.

Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.
Билетите беа пуштени во продажба денеска напладне, во музичката продавница Зизи Топ, по цена од 150 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 200 денари.
Strugaonline
